Достапни линкови

logo-print

Њу Орлеанс: Ураганот Густав слабее и веќе премина во тропска бура


Ураганот Густав слабее и веќе е тропска бура, откако го погоди американскиот брег на Мексиканскиот Залив. Во Њу Орлеанс имаше силен дожд и ветар, но градот мина без поголеми последици какви што имаше пред три години, кога беше погоден од ураганот Катрина. Американскиот претседател Џорџ Буш оцени дека властите сега одговориле многу подобро на заканата од невремето. Цените на нафтата на американскиот пазар паднаа откако ураганот Густав не предизвика големи штети на нафтените полиња во Заливот.
XS
SM
MD
LG