Достапни линкови

Москва: Русија ја предупреди Австралија да не прекинува со испораката на ураниум


Русија ја предупреди Австралија да не ја прекинува испораката на ураниум за Русија како знак на протест против акциите на Москва во Грузија. Рускиот амбасадор во Австралија, Александар Блохин изјави дека доколку Австралија донесе таква политичка одлука, последици ќе имаат економиите на двете земји. Австралискиот министер за надворешни работи Стивен Смит претходно изјави дека би можел да биде блокиран договорот за извоз на австралиски ураниум за Русија, доколку Москва не ги повлече трупите од Грузија.
XS
SM
MD
LG