Достапни линкови

Ревизија на односите со Москва?


Европската Унија ќе изврши ревизија на своите односи со Москва поради руската интервеницја во Грузија, се наведува во нацрт соопштението на лидерите на Европската Унија од денешниот вонреден состанок во Брисел, што го пренесуваат агенциите. Како што се јавува, во соопштението се истакнува и дека ,,преипистувањето може да доведе до натамошни дискусии за идните односи меѓу Русија и Европската Унија пред самиот ЕУ-Русија што е предвидено да се одржи во ноември". Односите мегу Унијата и Русија се наоѓаат на раскрсница, а од интерес на Москва е да не се изолира себе си од Европа, меѓу другото е еден од заклучоците. Воведувањето на сакнциите и пред состанокот Еврокомесарот Хавиер Солана рече дека не е на дневен ред:

,,Санкциите денеска не се на дневен ред. Тоа што можеме да го направиме е да ги приспитаме нашите односи со Русија. Како што знате се наоѓаме на почетокот на нов процес за Договор за партнерство ис соработка со русија. Сите тие работи треба да се приспитаат.

рече Солана.

Агенциите јавуваат и дека во соопштението Брисел изразил подготевност за воспоставување на поблсики врски со Тбилиси, а во него остро се осудува акцијата на Русија во Грузија, како и признавањето на Јужна Осетија и Абхазија и се бара од Русија почитување на мировниот договор со Грузија.

Во меѓувреме Белата Куќа соопшти дека и покрај Ураганот Густав американскиот потретседател Дик Чејни од утре ја започнува турнејата во чии рамки ќе ги посети Грузија, Азербеџан, Украина и Италија. Дали турнејата на Чејни во регионот има цел – од највисоко ниво да се искаже американската подршка за Грузија или пак, има врска со енергетската безбедност.
XS
SM
MD
LG