Достапни линкови

Со признавањето на Абхазија и Јужна Осетија Русија и сврте грб на Србија, оценуваат аналитичарите


Руското признавање на Абхазија и Јужна Осетија може само да придонесе и другите земји да ја признаат независноста на Косово.Ова е оценката на некои странски аналитичари кои додаваат дека со последниот потег на Кавказот, Русија на некој начин и сврте грб на Србија.

Поделбите меѓу Русија и Западните земји ќе се продлабочуваат, но тоа од друга страна може да доведе до поединствен став на Западот во врска со некои отворени прашања, смета Питер Ратланд од Дејвис Центарот на Харвардскиот универзитет за Русија и Евроазија. Тој и на мислење дека руското признавање на Јужна Осетија и Абхазија ќе ги отежне напорите на Србија за зачувување на Косово:

„Тоа е големо изненадување, Имено, никој не очекуваше таков потег од Москва. Во Соединетите држави се разгледуваше како да се реагира на руската воена интервенција во Грузија. Значи Западот е изнендаен и можеби Русија играше на картата дека западните земји не се единствени околу грузиската криза и оти треба да ја искористи таа конфузија.“

Вели Ратланд, додавајќи дека е можно уште некои земји да го следат приемрот на Русија и да ја признаат независноста на Абхазија и Јужна Осетија. Притоа тој ги спомнува Белорусија, Венецуела и Сирија како пријатели на Москва. Сепак и тие, како што вели, би можело да бидат претпазливи со оглед на фактот дека станува збор за кршење на меѓународните норми.

„Мислам дека е точно оти тоа може да биде удар за надежите на Србија да го зачува Косово. Но прашање е колкаво беше вистинското влијание на Русија во кризата околу Косово. Се сомневам дека продолжувањето на руското противење на независноста на Косово ќе сменеше нешто во иднина.“

Вели Питер Ратланд. За Алексеј Малашенко од Карнеџи фондацијата во Москва пак, Кремљ бил принуден да ги признае Абхазија и Јужна Осетија бидејќи во спротивно тоа би се протолкувало како израз на руската немоќ на Кавказ. Според него, ваквиот потег на Русија претставува можност за Србија да се сврти кон Европската Унија.

„Не верувам дека тоа е голем проблем за Србија, бидејќи сега меѓу Русија и Европа, таа дефинитивно може да се сврти кон Европа, а мислам дека во иднина односите со Москва нема да бидат од голема важност за Белград.“

Оценува Малашенко, кој во врска со натаможната иднина на Косово вели.

„Се согласувам дека Косово заскогаш е загубено за Србија, но мислам дека за нормален живот во Србија е поважно партнерството со Европа.“
XS
SM
MD
LG