Достапни линкови

logo-print

Нема ништо ново околу признавањето на Косово, велат од Владата


Нема ништо ново, ова е одговорт од владата на прашањето дали се размилсува за признaвање на Косово откако помина повеќе од половина година од едностраното поргласување на независност. Од министертсвото за надворешни работи пак велат дека веднаш штом ќе бидат исполнети условите прашањето ке биде ставено на дневен ред на седница на владата и ке биде доенсена одлука согласно нашите нацинални интереси. Кои услови и какви интререси не прецизираат. Демаркацијата на границата е во тек а Македонија де факто ги признава косовските пасоши така што не може да се предвиди што се подразбира под исполнување на услови вели аналитичарот Суад Мисини

„Она што мене ме вознемирува е дека можеби се работи за услови кои треба да ги исполнат албанските политички партии во Македонија, отколку косовската влада.“

Во мегувреме едно од ретките прашања за кои постои консензус мегу ДУИ и ДПА е што псокоро признавање на Косово. Нерзвозата пак мегу албанскиот и македонскиот политички блок поради разликите околу ова прашање е притаена вели Мисини:

„Бидејќи албанските партии не се во можност цврсто да бараат било што, заради позицијата што ја имаа по изборите.“

Мисини смета дека владата пропуштила неколку како што вели добри шанси за да го повлече тој потег кој во моментот би изгледал како цврст државнички чекор. Сега според него признавањето ќе изгледа како изнудено од страна на внатрешните прилики или албанскиот фактор:

„Еве, последната убава прилика беше да се признае заедно со Хрватска и Бугарија, најбезболно.“

Не оодолговлекуваме туку прашањето треба да го гледаме низ призмата на поврзани садови смета аналитичарот Гунер Исмаил. Според него признавањето треба да оди во пакет со затворањето на другите отвирени проблеми

„Тој пакет треба го содржи името и нашиот статус во НАТО. Нашето признавање на Косово во пакет со Црна Гора, за да може во регионот да се заокружи една состојба на завршена пацификација.“

вели Исмаил кој потенцира дека македонското призвање на Косово не треба да се гледа само технички односно преку затврање на границата туку како прашање за статусот на земјава.
XS
SM
MD
LG