Достапни линкови

Брисел: Попладнево вонреден состанок на лидерите на ЕУ за руската акција во Грузија


Лидерите на 27 земји членки на Европската Унија денеска попладне на вонреден состанок во Брисел ќе дискутираат за евентуалниот одговор на руската акција во Грузија .Состанокот го свика францускиот претсдетал Никола Саркози чија земја во моментов претседава со унијата.Како што јавуваат агенциите се очекува Брисел да побара од Москва да ги тргне сите контролни точки од грузиската територија и да ги врати силите на претходните позции во согласнот со францускиот мировен план потпишан во Август. Рускиот претседател Дмитри Медведв претходно изјави дека Кремљ е подговен да одговори доколку унијата одлучи да воспостави санкции. Тој додаде дека Москва нема да ја повлече одлуката за признавање на незавсноста на грзуските сепаратистички региони Абхазија и Јужна Осетија.
XS
SM
MD
LG