Достапни линкови

Дојран: Големата огнена стихија во Нов Дојран сеуште е активен, но со намален интензитет


Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека пожарот во Нов Дојран сеуште е активен, но со намален интензитет. Големата огнена стихија изби вчера, при што зафати неколку објекти и една куќа. Во гаснењето на пожарот во утринските часови дејстувале и хеликоптери, со што е спречено проширување и се работи на негово гаснење. Од центарот за управување со кризи информираат и дека сеуште е активна огнената стихија над селото Балинци во Валандово, додека пожарот кај браната Козјак доцна синоќа бил изгаснат.
XS
SM
MD
LG