Достапни линкови

logo-print

Исламбад: Талибанските бунтовници го отфрлија повикот на владата која најави прекин на воените акции


Талибанските бунтовници во Пакистан го отфрлија соопштението од владините безбедносни сили дека ќе ги прекинат воените акции во северозападните делови на земјата за време на исламскиот празник Рамазан, кој започнува утре. Портпаролот на талибанските бунтовници Муслим Кан ја оцени понудата на пакистанската влада како ,,шега“ и најави продолжување на борбите. Изминативе недели се засилија судирите меѓу пакистанската армија и бунтовниците во северозападните делови на земјата, во близина на границата со Авганистан.
XS
SM
MD
LG