Достапни линкови

Лондон: Западот не смее да биде држен во енергетско заложништво од Русија, изјави Гордон Браун


Британскиот премер Гордон Браун истакна дека Западот не смее да биде држен во заложништво од Русија и најави одлучен став на Европската Унија во преиспитувањето на односите со Москва. За текст за лондонскиот неделник ,,Обсервер“ Браун посочува дека руската акција во Грузија ја покажува потребата за итно пронаоѓање на алтернативни енергетски извори за Европа, со што ќе се избегне зависноста од Русија. Британскиот премиер најави и дека на утрешниот самит на Европската Унија во Брисел ќе инсистира, Русија да го прифати територијалниот интегритет на Грузија и да ги повлече своите трупи на позициите од пред конфликотот во Јужна Осетија.
XS
SM
MD
LG