Достапни линкови

logo-print

Пекинг: Најмалку 25 лица загинале во земјотресот во провинциите Сечуан и Јунан


Во земјотресот со јачина од 6,1 степен што вчера ги погоди кинеските провинции Сечуан и Јунан, според последните податоци, загинале најмалку 25 лица. Како што јавува кинеската новинска агенција Ксинхуа околу 100 лица биле повредени во провинцијата Сеучан, и 35 во провинцијата Јунан. Поради силниот земјотрес, 100 илјади домови се оштетени или урнати, а повеќе од 400 илјади лица се загрозени.
XS
SM
MD
LG