Достапни линкови

Атина: 13 лица повредени во судири меѓу имигранти


Тринаесет лица се ранети изминатата ноќ во судири меѓу имигранти во центарот на Атина. Според очевидци на настанот, стотици минувачи биле принудени да избегаат од плоштадот Омонија, каде африкански улични трговци, вооружени со ножеви, секири и метални прачки се тепаа за превласт на територија. Еден полицаец е ранет во борбата кога и самиот бил присилен да пука, при што ранил еден од имигрантите и еден минувач, соопштија државните медиуми.
XS
SM
MD
LG