Достапни линкови

Скопје: Премирот Груевски ќе присуствува на конвенцијата на Републиканците


Македонскиот премиерот Никола Груевски во наредните неколку дена ќе престојува во Соединетите Американски Држави, каде што ќе присуствува на конвенцијата на Републиканската партија идната недела во Минесота на која ќе биде избран претседателскиот кандидат на оваа партија Џон МекКејн. Во Соединетите Држави Груевски ќе има средби со конгресмени и сенатори пред кои ќе лобира за македонските национални и државни интереси. Груевски пред инвеститори ќе го претстави проектот Инвестирајте во Македонија.
XS
SM
MD
LG