Достапни линкови

Власис Власидис, професор од катедрата за Балкански студии на Универзитетот Западна Македонија. Во северниот дел на Грција 90 насто од луѓето имаат проблем да прифатат име Република Македонија


Во контекст на грчко-македонскиот спор. Професоре Власидис, дали има политизација на медиумите?

Незнам каква е ситуацијата во вашата земја,но во Грција политичарите се потиснати од јавното мислење и многу е тешко за нив да извршат притисок врз медиумите да ja сменат нивната агенда или пак нивното мислење за ова прашање. На пример во грчка-македонија,скоро 90 проценти од јавното мислење има сериозен проблем да го прифати името Република Македонија. Така што секој политичар ако рече ајде да го прифатиме името на ова земја какво што е нема да биде избран на следните избори, односно нема да има политичка иднина.

Според вас,колку медиумите во двете земји влијаат врз создавањето на атмосфера на непопустливост кај граѓаните,односно зацврстување на националистичките ставови?

Мислам дека и во обете држави,жителите,се многу горди на својата припадност. Но и тие држави имаат неколку домашни проблеми. Политичарите немаат способност да го решат овој проблем засекогаш. Не сум сигурен дека има силен бран на национализам во Грција и во вашата земја,но мислам дека и во двете земји чуството на национализам е многу евидентно. Едните се многу горди на тоа дека се Грци,односно дека другите се Славо-Македонци и затоа се плашат дека решавањето на овој проблем нема да биде позитивно и за двете страни.

Дали Медиумите не излегуваат од рамките на државната политика?

Мислам да! Како прво нема директен контакт помеѓу медиумите на двете земји. Дури и информативните агенции немаат никаква соработка,така што е многу тешко да се зборува за подиректна поврзаност на луѓето. Медиумите имаат стереотипи еден за друг,и се гледаат со очите на минатото.

Во Македонија многупати се пренесуваат текстови од грчките медиуми.Дали е процесот и обратен,односно колку вашите медиуми пренесуваат ставови на македонските?

Од почетокот на ова година скоро секоја недела ние имаме вести за активностите на Владата на вашата држава или пак за политичките партии во врска со прашањето за името, и за други прашања, особено за оние кои ги поттикна вашата Влада во последниве два месеца.Исто така и во нашите национални медиуми како Мега, Антена, Алфа, како и во дневните весници се пренесуваат текстови од вашите медиуми.
XS
SM
MD
LG