Достапни линкови

Ќе ја завршам војната во Ирак и војната со Ал Каеда


Барак Обама, во обраќањето пред околу 80 илјади приврзаници на стадионот во Денвер изјави дека ќе помогне во опоравувањето на американската средна класа и ќе ја зајакне националната безбедност, додавајки дека евентуалната победа на неговиот ривал, републиканецот Џон Мек Кејн, ќе значи и трет мандат за Џорџ Буш.

,,Им велам на американските граѓани, на Демократите, на Републиканците и на неопределените низ земјата, - доста е. Овие избори се нашата шанса, во 21-от век да продолжи да живее американската надеж."

Обама вети здравствено осигурување за сите, помали даноци за средната класа и крај на американската зависност од блиско-источната нафта. На надворешно политички план, тој најави завршување на војната со терористичката мрежа Ал Каеда и поцврста дипломатија за спречување на Иран да произведе нуклеарно оружје.

,,Ќе ја завршам војната во Ирак одговорно, како и војната со Ал Каеда и талибанците во Авганистан. Ќе ја обновам армијата за да може да се соочи со идните конфликти. Но, ќе ја обновам и цврстата и директна дипломатија со која ќе биде спречен Иран да дојде до нуклеарно оружје и да се заузда руската агресија."

Конвенцијата на републиканската Партија, на која за нивен претседателски кандидат ќе биде номиниран Џон Мек Кејн, започнува во понеделник.
XS
SM
MD
LG