Достапни линкови

Хаг: Радован Караџиќ денеска втор пат пред судот


Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ денеска по вторпат ќе се појави пред Хашкиот трибунал каде што треба да се произнесе дали се чувствува виновен или не по обвиненијата за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.
При првото појавување на 31 јули, Караџиќ не одговори на тоа прашање, а доколку и сега одбие да се произнесе, според правилата на Хашкиот трибунал, Судот ќе се изјасни за невиност во негово име. Караџиќ, беше уапсен по 13 години криење и експресно беше екстрадиран во Хаг. Тој е обвинет за геноцид на над 8.000 босански муслимани во Сребреница во јули 1995 година.
XS
SM
MD
LG