Достапни линкови

Русија и Западните сили разменија низа обвиненија


Во Советот за Безбедност на Обединетите Нации, Русија и Западните сили разменија низа обвиненија околу кризата во Грузија враќајки се дури во минатото на 17 век. Некои од изјавите беа лични, некои саркастични, но очигледно е дека Франција, Британија и Соединетите Држави го зголемија политичкиот притисок врз Русија која ја обвинија за окупација и признавање на двата грузиски региона Абхазија и Јужна Осетија.

Станува збор за 6 по ред сесија на Советот за Безбедност откако Русија влезе во Грузија со цел да го спречи Тбилиси да ја поврати контролата врз Јужна Осетија. На оваа средба имаше жестока вербална раземена на изјави меѓу амбасадорите на Соединетите Држави и Русија која е рефлексија на растечките тензии меѓу двете земји. Американскиот амбасадор Алехандро Волф ја обвини Русија за неисполнување на обврските со тоа што ги призна како независни Јужна Осетија и Абхазија.

,,Руската одлука да ги признае Абхазија и Јужна Осетија, во спротивнот и на нејзината сопствена посветеност и обврска, може да ја дискредитира оваа институција, бидејки тоа е сторено од постојана земја членка. Тоа треба да е извор на загриженост не само на Советот туку на сите членки на Обединетите Нации, кои се обврзани во меѓународните односи да не употребат сила или закана на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на било која земја."

Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин ги обвини Соединетите Држави за хипокризија укажувајки на американската инвазија врз Ирак.

,,Би сакал да речам дека навистина ми се допаѓа изјавата на американскиот преставник, кој не потсети дека мора да се воздриќе од употреба на сила или закана на употреба на сила. Би сакал да го прашам чесниот преставник на Соединетите држави дали најдовте оружје за масовно уништување во Ирак или дали се уште го барате."

Според Волф споредбите на Чуркин не држат. Францускиот амбасадор Жан Пјер Лакроа руската одлука за признавање на двете грузиски енклави ја нарече неодговорна.

,,Резолуциите на Советот за безбедност не можат да бидат отфрлени со воена акција. Територијален интегритет на една земја членка не може да биде нарушен со интервензија од соседна земја."

Како што јавува нашиот дописник од Њујорк, дипломатите приватно велеле дека Франција се нашла во тешка позиција. На таканаречениот 6 принципен договор Саркози – Медведев од 12 Август се гледаше како на мирен излез од кризата во Грузија, но по две недели Москва ги призна двете грузиски провинции. Според посматрачите, конфронтацијата и фрустрациите во Советот растат и на повидок нема заедничко прифатливо решение.
XS
SM
MD
LG