Достапни линкови

Министерството за образование ветува решавање на проблемот


Како и секоја школска година така и оваа учениците до пооследен момент ќе ги чекаат инструкциите од надлежните за да им кажаат кој книги да ги купат и што уште им е потребно за да седна во школските клупи. Непосредно пред почетокот на учебната година во книжарниците недостигаат учебниците за шесто одделение. Додека цените за комплент книги варираат во зависност од степенот на образование.

„Сепак треба најпрво да се достави потребниот материјал со учебниците кои што ќе ни бидат потребни.“

,,Треба некаков концепт да ни дадат.“


Но, надлежните смируваат, велат дека нема потреба од паника бидејќи до 1-ви септември децата ќе можат да ја обезбедат потребата литература. Знаењето е моќ, знаењето е сила ова беше една од многуте владини кампањи кои се промовираат во последниве неколку месеци како еден предусловите за европскиот развој на земјава:

„Министерството за образование и наука ќе направи се децата успешно да ја започнат учебната година без притоа да им се одрази на квалитетот на реализација на наставата.“

Кажа Министерот за Образование Перо Стојановски
Додека владата ја промовира камањата „ОБРАЗУВАЈТЕ СЕ“, родителите прават математики колку пари треба да издвојат од домашниот буџет за да ги купат неопходните учебници и школски прибор. Но, државата си нема такви главоболки, таа има своја стратегија како македонскиот образовен систем да го приближи кон европскиот:

„Имаме задолжително основно, а сега имаме и задолжително средно и кога веќе оценивме дека треба да биде и бесплатно, бидејќи така пишува и во Уставот, дека основното образование е задолжително и бесплатно.“

изјави неодамна премиерот Никола Груевски при една негова посета низ книжарниците во Скопје. Сакал лично да се увери дали се оди според владинот сценарио. По кој знае кој пат напомена дека од следаната година учениците учебниците ќе ги добиваат бесплатно. Но ваквата неодамнешната одлуката на владата ги разлути книгоиздавачите, Тие велат со ова, нашите средствата од кој живееме ќе ни бидат ускратени и ќе мораме да бараме друго чаре за егзистенција:

„Тоа е според законот, неможеме да се буниме и ќе мораме да го почитуваме. Издавачи нема да постојат, а ние ќе бараме друга работа.“

Рече за Слободна Европа еден од книгоиздавачите кој замоли на анонимност.
XS
SM
MD
LG