Достапни линкови

Во случај на победа на Демократите консолидација на партнерството САД – Грција,смета Слободан Чашуле


Кандидатот за потпреседател на Америка од редовите на демократите сенаторот Џозеф Бајден бил на средби во македонскиот парламент за време на косовската криза. Поранешниот шеф на дипломатијата Слободан Чашуле кој повеке пати се сретнал со Бајден вели дека Актулениот претседавач на Комитетот на американскиот Сенат за надворешни односи е голем познвач на сосотојбите на Балканот. Го прашавме каков е наговиот личен впечаток, што можеме да очекуваме од евнтуалниот амрикански потпретседател:

„Тој е еден од најискусните американски сенатори на полето на надворешната политика и нему сега, како главен надворешно политички советник на Барак Обама, задача ќе му биде Балканот да го држи на високо ниво на приоритетите на САД.“

Без разлика дали ке победат републиканците или демократите потенцира Чашуле Македонија и Блаканот ќе останaт приоритет на Вашингтон но разликата ке се појави токму во начинот на реализација на интересетите.

„Ако победи Обама, кој како демократски претседателски кандидат, а тоа и по традиција е така е заточеник на грчкото лоби, тогаш тој и неоговиот искусен потпретседател Бајден ќе имаат доста комплексна задача да се обидат преку изместувањето на партнерството Америка – Македонија, кон Америка – Грција да го консолидираат американскиот интерес на Балканот.“

И аналитичарот Мресел Биљаљи смета дека целта на Соединетоте Американски држави Македонија да стане дел од НАТО ќе остане бидејки како што вели американски интереси се дефинираат долгорочно. Но разлика ке можеме да се почутвуваме додава Биљаљи во однос на решавањето на спорот со Грција:

„Ако победи Обама, веројатно притисокот многу повеќе ќе биде насочен кон Македонија, така што Грците ќе се чувствуваат многу покомотно.“

Инаку аналитичарите прогнозираат дека администрацијата на актулениот претседател Буш ке се обиде да го затвори спорот името пред нејзиното заминување.Деновиве се шпекулира дека кон крајот на идниот месец на Генералното собрание на обединете нации во Њујорк на Македонија ке и биде понуден грчко амрикаснки предлог за името кое ке биде третиран како последен. Една од последниот изјави на Бајден пак во однос на спорот за името беше дадена пред самитот на НАТО во Букурешт. Тој рече дека доколку Скопје и Атина не најдат решение таквиот неуспехот не би требало да претставува казна за Хрватска и на Албанија. Бајден е и еден од авторите на ланската нацрт-резолуција со кој се поддржуваат понудите за членство во алијанста за Грузија, Албанија, Хрватска и Македонија која беше поднесена до американскиот сенат.
XS
SM
MD
LG