Достапни линкови

Можна е криза во снабдувањето со електрична енергија, велат познавачите


По донесувањето на новиот закон за енергетика кој беше исгласан во Собранието по жестока полемика на релација власт – опозиција сосема е можно да се очекува дека ЕВН-ЕСМ ќе побара повисока цена на струјата со оглед на тоа што сега на оваа компанија ќе и се признаваат помал процент од загубите, односно 11 проценти, велат експертите. За македонските граѓани ова е нова закана по нискиот стандард погоден од низата поскапувања во последниот период особено високото поскапување на парното.

„До сега е тешко, а од сега уште потешко ќе биде.“
„Како до сега, така и од сега, кој потешко, кој полесно.“
„За мене е битно да има струја, колку ќе биде не знам.“

Професорот Атанаско Туневски се надева дека регулаторната комисија нема да дозволи поскапување на електричната енергија но тоа ќе ги загрози односите меѓу сите субјекти на пазарот на електрична енергија во македонија. Од ЕВН рекоа дека ќе ги употребат сите правни сретства за да го оспорат новиот закон за енергетика кој според нив е дискриминирачки и оди на штета на граѓаните. Ова владата го нарече манипулација и ја повика ЕВН да ги реализира сите инвестиции според купопродажниот договор. Според Туневски пак е сосема веројатна варијантата да биде загрозена снабденоста со електрична енергија.

„Ако ЕВН од својата сметка ги купи тие 11 посто загуби нема да има недостаток, но ако рече немам средства или вие ми должите, како држава, како граѓани, значи ако почне да се однесува така јасно е дека ќе има проблем со снабдувањето. Јас очекувам првата варијанта да биде. Значи, да купи, но да се однесува на пазарот максимално професионално, односно секој оној којшто должи ќе го исклучува веднаш.“

Она што на што Туневски во овој миг посочува се нејаснотиите околу лиценцата за снабдување која откако му е одземена на МЕПСО, сега не му е доделена никому.

„До сега МЕПСО беше одговорно за снабдување, сега во новиот закон не постои таква лиценца. Тоа во пракса значи дека ако нема струја, не се знае кој е виновен.“
XS
SM
MD
LG