Достапни линкови

logo-print

Прв црнец во борба за местото претседател на САД


Барак Обама и официјално е избран за претседателски кандидат на Демократската партија. На конвенцијата што се одржува во Денвер, Колорадо тој беше избран со акламација со што демократите, како што се оценува, направиле историски потег. Обама ќе биде првиот црнец кој ќе се бори за местото претседател на Соединетите држави.

Барак Обама синоќа неочекувано се појави на партиската конвенција во Денвер каде што денеска треба и официјално да ја прифати номинацијата за кандидат на претседателските избори во ноември годинава. Тој ќе одржи говор, што е вообичаено за сите кандидати, но не и како што сега е предвидено, на стадион пред седумдесет и пет илјади луѓе. Последен кандидат кој својот предизборен говор го одржал на стадион бил Џон Кенеди во илјада деветстотини и шеесетата година. Обама синоќа беше номинаран со акламција откако тоа го побара Хилари Клинтон која претходно водеше битка со него за кандидатската позиција. Таа драматично го прекина гласањето и предложи акламција како гест на единството во партијата.

„Со поглед цврсто вперен во иднината, со дух на единството, со цел победа и со вера во нашата партија и нашата земја, ајде заедно да прогласиме, веднаш дека Барак Обама е наш кандидат и оти тој ќе биде наш претседател.“

Повика Хилари Клинтон. Претходно, нејзиниот сопруг Бил Клинтон, говорејќи на партиската конвенција на која беше претставен како еден од најголемите претседатели во американската историја, исто така застана зад кандидатурата на Обама:

„Барак Обама е подготвен да ја води Америка и да го обвнови американското лидерство во светот. Тој е подготвен да биде претседател на Соединетите држави.“

Изјави Бил Клинтон на конвенцијата на која говореше и сенаторот Џон Бајден, човекот кој Барак Обама го избра за потпретседател, секако доколку најпрвин победи на трката за претседател. Демократите веруваат дека Бајденовото триесет и пет годишно искуство во Конгресот, пред се во надворешните односи, неговото работничко потекло, и вербата во католичката црква ќе му ја донесат толку потребната рамнотежа на нивниот кандидатски билет. Бајден синоќа остро го искритикува ривалот на Обама, републиканскиот кандидат Џон Мекејн:

„Надворешната политика на Буш не закопа во многу длабока дупка, со многу малку пријатели да се извлечеме од неа. Во изминативе седум години, администрацијата не успеа да се соочи со најголемите предизвици во овој век.“

Обраќањето на Бајден заврши со неочекуваното појавување на Обама на говорницата од каде што само кратко се заблагодари за поддршката. Неговото присуство веднаш во втор план ги стави обраќањата на клинтонови. Можеби затоа повеќето од нивните приврзаници веќе го напуштија Денвер.
XS
SM
MD
LG