Достапни линкови

logo-print

Белград: Делегација на АРМ во посета на Србија


Висока воена делегација на АРМ, предводена од началникот на Генералштабот генерал-потполковник Мирослав Стојановски, од денес до 30 август на покана од началникот на српските вооружени сили, генерал-потполковник Здравко Понош, ќе претстојува во официјална работна посета на вооружените сили на Република Србија. Главни теми на разговорите ќе бидат воено-безбедносната ситуација во регионот, реформите во одбраната, унапредувањето на билатерално-воената соработка преку учество на заеднички воени вежби и размена на искуства.
XS
SM
MD
LG