Достапни линкови

logo-print

Големите сили по потреба ќе може да ги употребат новите стандардт и да применуваат двојни аршини


Новата биполаризација на светот вчера стана извесна откако рускиот претседател Дмитриј Медведев потпиша декрет со кој Русија и формално ја признава независноста на грузиските провинции Јужна Осетија и Абхазија, што наиде на неодобрување кај западните земји. Рускиот опретседател изјави дека не се плаши од нова студена војна. Денеска, својата одлука ја оправда и со Косово. Го направивме она што останатите држави го направија со Косово рече претседателот на русија која јасно се противи на независноста на Косово.

Професорот Владимир Пивоваров вели дека на сцена се двојните аршини при применувањето на меѓународното право.

„Уште пред година дена кога независни експерти предупредуваа дека после признавањето на Косово, не само во нашиот регион, туку во светот има над 100 такви жаришта, одредени структури секогаш ќе има кои ќе сакаат да се отцепат од матичната држава. Нормално, ќе се повикуваат на ваквите стандарди и на меѓународното право и во ваква ситуација може да доживееме региони државички или да се вратиме со векови назад – градови држави. Значи, кога ви е потрбно, не на нас, туку на големите сили, ќе се повикаат на одредено правило, за утре тоа правило да кажат дека е исклучок и нема да важи за другите.“

Слабара економска развиена на земјите од балканот е погодно тло за манипулирање со масите од етнички или од социјален аспект.

„Држави преку нивните национални ентитети кои живеат во други држави веќе може да се повикаат на референдуми, кои еден ден ќе ги официјализираат и ќе кажат, еве, тоа е меѓународен стандард и по тој меѓународен стандард ние се отцепуваме и на тој начин може да ојакнат одредени држави и да станат големи етнички територии.“

Професорот Назми Малиќи вели дека е погрешно да се прави паралела меѓу настаните на Косово и цво Грузија и од историски аспект и од аспект на меѓународното право.

„Тоа го разликува со Косово, затоа што Косово веќе е дел на тие луѓе што живеат тука со векови. Тука споредбата е погрешна. На Косово имаше окупација, геноцид, од страна на српската политика на Милошевиќ. Додека, во овие две покраини иако постоеја некои проблеми, ниту одблиску не беа на висина на тие што беа на Косово.“

Во бранот реакции и меѓусебни обвинувања од Русија пристигна и обвинување до балканските земји меѓу кои Македонија, Албанија, Србија, Бугарија дека и продавале оружје на Грузија. Македонското министерство ја демантираше информацијата наведувајќи дека Македонија и Грузија на воена основа немале никакви контакти.
XS
SM
MD
LG