Достапни линкови

Киев: Министерот за култура од денеска во официјална посета на Украина


Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, денеска ќе отпатува во официјална посета на Киев, на покана од министерот за култура и туризам на Украина, Васил Вовкун. За време на посетата, која се совпаѓа со прославата на 17-годишнината од независноста на Украина, Канческа-Милевска ќе се сретне со дел од украинските уметници кои веќе ги изработуваат восочните фигури за проектот „Музеј на македонската борба“. Канческа-Милевска ќе се сретне и со уметници кои ќе имаат задача да направат портрети и слики за музејскиот комплекс.
XS
SM
MD
LG