Достапни линкови

Скопје: СДСМ го почнува процесот за избор на нов претседател


Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржи состанок, со што почнува процесот на избор на нов претседател на партијата. Како што соопшти кабинетот на претседателката Радмила Шеќеринска, таа ќе продолжи да ја води дебатата за заздравување на СДСМ отворено, без шпекулации и подметнувања, со членовите на СДСМ и во рамките на органите и телата на партијата, а не преку медиумите. Се очекува конгресот на кој ќе биде избран нов лидер да се одржи во почетокот на септември.
XS
SM
MD
LG