Достапни линкови

Соединетите Држави, Европската Унија, НАТО и ОБСЕ со осуда на чекорот на Москва


По денешната одлука на Русија да ја признае независноста на двата сепаратистички грузиски региони Абхазија и Јужна Осетија, американскиот државен секретар Кондолиза Рајс оцени дека таквиот чекор е ,,за жалење“:

„Мислам дека тоа е за жалење. Соединетите држави се постојани членки на Советот за Безбедност на Обединетите Нации и ова едноставно ќе „умре“ штом ќе стигне во Советот за безбедност и според тоа согласно останатите резолуции на Советот што се во сила, Абхзаија и Јужна Осетија се во рамките на меѓународно признатите границиа на Грузија и тоа ќе остане така.“

изјави Рајс. Рускиот претседател Димитриј Медведев кој денеска го потпиша декретот за признавање на Абхазија и Јужна Осетија, рече дека неговата земја не стравува од нова Студена Војна, но и не ја сака. Тој со порака до западните земји дека доколку сакаат добри односи со Русија ќе ја разберат причината за ваквата одлука. Грузија остро се спротивстви на одлуката на Москва оценувајќи ја како нелегална. И повеќето држави на Европската Унија, НАТО и ОБСЕ го осудија овој чекор на Русија. Генералниот секретар на НАТО Јап Де Хоп Схефер изјави дека тоа е во спротивност со бројните резолуции на Советот за безбедност на ОН, додека претседавачот со ОБСЕ, финскиот шеф на дипломатијата Александер Стуб рече дека одлуката е против принципите на Организација. А по конфликот Грузија се соочува и со економска криза. Аналитичарите со оценка дека конфликтот во регионот ќе остави долгорочни последици врз грузиската економија.
XS
SM
MD
LG