Достапни линкови

logo-print

Русија ја призна независноста на Јужна Осетија и Абхазија


Медведев, во обраќањето, пренесувано од руската национална телевизија соопшти:

„Земајки ги предвид слободно искажаната волја на народите на Осетија и на Абхазија, меѓунаодните повелби на Обединетите Нации и други базични меѓународни документи, потпишав декрет за признавање на независноста на Јужна Осетија и на Абхазија.“

„Русија ги повикува и другите земји да го следат нејзиниот пример. Ова не беше лесен избор, туку единствено можен за да се спасат животите на луѓето.“


Медведев му дал наредба на руското министерство за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со Абхазија и Јужна Осетија. Веднаш по објавувањето на веста од Москва, во Абхазија и во Јужна Осетија се слави, а лидерите на тие сепаратистички републики оценија дека ова е историски ден. Грузија остро се спротистави на одлуката на Москва, оценувајки дека Русија извршила анексија на грузиска територија. Западните земји го отфрлаат руското признавање на независноста на Јужна Осетија и на Абхазија и изразуваат подршка на грузискиот територијален интегритет. Тоа е против обрските што ги превзеде Русија со резолуциите на Советот за Безбедност и не води кон мир на Кавказот, оценува Британскиот Форин Офис. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека признавањето на тие две грузиски републики не е во согласност ос меѓународното право, а француското министерство за надворешни работи соопшти дека тоа е лоша одлука на Москва. Соединетите Држави уште вчера соопштија дека признавањето на Абхазија и на Јужна Осетија ќе биде неприфатливо, а претседателот БУш побара од Кремљ да не носи таква одлука.
XS
SM
MD
LG