Достапни линкови

Македонија е атипична земја, а во високото образование владее дезориентираност и тотален хаос


Места има за 18 и пол кандидати од кои во просек половината ќе студираат во државната квота а останатите со кофинансирање. Факултетите имаат определено различна висина на партиципирањето во државната и во таканаречената приватна квота. Идните студенти и нивните родители велат дека во изборот каде ќе студираат главно одлучувала желбата.

„Па, желба, прво за што те бива па после се друго, дали имам можности за вработување. На Европски има, ама три илјади евра, ваму е илјада евра партиципација, ќе се бориме за државно, ама нема праведност во државава наша.“

Некои од родителите велат дека се подготвени да платат и поскапо ако тоа го бараат желбите на нивните деца. За довербата во квалитетот одлучуваат субјективно.

„На државните.“
„Имам поголема ќерка што студира на приватен факултет, тоа го сака и мора да најдеш средства да и ја исполниш желбата.“


Професорот Илија Ацевски вели дека на пазарот на понудата во областа на образованието како никогаш до сега владее дезориентираност и тотален хаос. Државните универзитети нудат приватни квоти за да обезбедат дополнителни сретства, приватните универзитети не располагаат со соодветно образован кадар, литература и стандарди, средните училишта пишуваат петки зошто тие се услов за упсех во трката за успех на државните универзитети а евалуацијата на високообразовните установи е сомнителна, вели Ацевски.

„Високото образование како да е поле за заработувачка. Или државата да решава некои проблеми.“

Од друга страна желбата да се студира одреден факултет е субјективна и определена од проценките за понатамошните перспективи кои секогаш не соодвествуваат со објективните потреби вели Ацевски. Но честопати кон ваквите насоки се ориентираат и студенти кои немаат таков квалитет а истовремено за вистински квалитетните студенти, државата не обезбедува олеснувања. По сето ова македонија е атипична замја и во тој хаос државата постојано дотура уште по некој елемент, заклучува Ацевски.
XS
SM
MD
LG