Достапни линкови

Кина со најмногу златни медали


Завршија Олимписките Игри во Пекинг, и со себе во историјата носат многу приказни на личен триумф и трагедија. Следните Олимписки Игри ќе се одржат во Лондон за четири години, а едно е сигурно – буџетот нема да надмине 43 милијарди долари, колку што беа потрошени во Пекинг.

Кога ќе се погледне назад на Олимписките Игри во Пекинг, несомнено феноменалните трки на американскиот пливач Мајкл Фелпс ќе останат во паметење. Тој успеа да освои осум златни медали, нешто што не му успеало никому до сега. Тој рече дека жртвувањата што секој спортист мора да ги направи за да стигне до врвот вределе:

„Можев да сторам толку многу и имав искуство што никој друг нема да го има. На 23 годишна возраст имам постигнато толку многу и имав можност да бидам дел на толку многу нешта, што веќе не е важно од што се морав да се откажам како дете. Сите тие работи ќе можам да ги правам кога и да одлучам да претстанам да пливам. Така што немам проблем да жртвувам некои нешта.”

Настани за паметење ќе бидат и спринт трките на 100 и 200 метри. Двете трки, за прв пат по 24 години имаа ист победник. Доминираше Усаин Болт од Јамајка, кој постави нови светски рекорди во двете дисциплини. Оттаму и прекарот што Јамајканецот го веднаш го доби – Болт Молњата. Тој успеа да истрча сто метри за неверојатни 9,69 секунди. Еден кинески навивач беше импресиониран од настапот на Болт:

„Се чувствувам толку возбуден. Тој навистина трчаше неверојатно брзо. Успеа да постави нов светски рекорд со многу леснотија, изгледаше полн со самодоверба и сила. Мислам дека ако продолжи вака ќе може да оди уште побрзо. Навистина зачудувачки”

За домаќините пак, веројатно најтажен момент на Игрите беше откажувањето на Лиу Ксианг од можноста да ја брани титулата на 110

метри со пречки, поради повреда. Целата нација беше во шок, а потпретседателот на Кина Кси Џинпинг испрати порака за брзо заздравување што беше пренесена на насловните страници на весниците. Сепак, Кина нема причина за жалење, затоа што е на врвот по освоените златни медали на игрите. Екстравагантните Олимписки Игри кои чинеа 43 милијарди долари ќе бидат тешки за следење од следниот домаќин – Лондон во 2012 година. Според претседателот на организациониот комитет Себастијан Лорд Кое, поранешен Олимпиец, целта нема да биде да се изградат слични спортски борилишта како во Пекинг, туку да се изградат борилишта што ќе останат во употреба во завршувањето на Игрите. Со други зборови, организаторите ќе се потпрат на шармот на Лондон како топ туристичка дестинација, за да им помогне во организацијата на ниско буџетни Олимписки Игри.
XS
SM
MD
LG