Достапни линкови

Политичката стабилност и меѓуетничките односи клучни за Македонија, оценуваат експертите


Истовремено со интезивирањето на македоснко грчкиоте преговори за спорот со името перемрот Груевски неколку пати изјавува дека и доколку не станеме членка на ервроспката унија и на НАТО поради нерешниот проблем и евентуланта блокада од Атина земјава има стратегија како да се реазвива и надвор од овие структури.Од владата засега конкретно не е обелоденето каква е таа стратегија.Се поврторува дека ке се работи на днеократски и еконосмки развој. Според Васко Наумовски од Њујорк Универзитетот во Скопје внатрешно политичкиот развој на земјава не е директоно поврзан со влезот во Еврипската Унија и во НАТО но во случај на останување надвор клучна е политичката стабилизација и стабилизацијата на меѓуетничките односи

„Доколку тие бидат остварени, односно доколку останат на доволно стабилно ниво, а гледаме дека во изминатиот период се доволно стабилизирани, тогаш полтичкиот развој не би требало да биде загрозен и покрај тоа што во скоро време нема да станеме членки на ЕУ и НАТО.“

Патот на економскиот развој како земја членка на тие структури за Македонија би бил многу полесен доколку е дел од нив оценува порфесорот Томе Неновски според кој можен е развој но со позабавено тепмпо

„Затоа што би не прифатиле тие 27 земји члени и ќе можеме да го искористиме тој голем пазар. Светскиот пазар е голем, а ЕУ е најблиску.“

Неновски сугерира дека треба да се откриваат нови пазари за пласирање на домашните производи и во финкцијата да се атават сите ресурси

„Ние не треба да го гуниме оптимизмот, туку сите расположливи ресурси што ги имаме треба да се користат во таа насока, треба да ги откриваме пазарите во Блиско Источните, Далечно Источните земји, па и Јужна Америка.“

Друга работа на која треба да се фокусира владата е подобрувањето на инфраструјтурата додава Неновски

„Мислам дека треба итно да се започне со развој на инфрструктурата на патната мрежа во Македонија, мислам дека тоа е една од најголемите пречки за странски инвестиции.“

Универзитетскиот професор Ванчо Узунов пак смета дека во таков случај бројот на странските ивенститори кои ке се одлучат да дојдат во земјава ќе биде помал.

„Поспоро ќе напредува. Ќе има помалку инвестиции, ќе прашуаваат странците, зошто оваа земја не е? Кога ги гледате тие ефекти, треба да гледате како гледаат странците, со нивни очи.“
XS
SM
MD
LG