Достапни линкови

logo-print

Тбилиси: Штетите од конфликтот две милијарди долари


Грузискиот претседател Михаил Саакашвили изјави дека штетите од конфликтот со Русија изнесуваат околу две милијарди долари. Тој во интервју за Фајненшал тајмс вели дека станува збор за уништена инфраструктура во Грузија. Саакашвили за прв пат ја обвини Русија и дека имала распоредено тенкови во Јужна Осетија пред нападот на грузиските сили на седмми август. Весникот прецизира дека овој навод на Саакашвили не може да биде потврден од независни извори.
XS
SM
MD
LG