Достапни линкови

logo-print

Париз/Вашингтон: САД и Франција бараат од Русија да ги повлече своите сили од Грузија


Франција и Соединетите Држави ја повикаа Русија да ги повлече своите трупи од грузиското пристаниште Поти и да го заокружи целосното повлекување од територијата на Грузија. Белата Куќа оцени дека руското присуство на грузиска територија е во ,,спротивност„ со постигнатото примирје. Францускиот претседател Николас Саркози во вчерашниот телефонски разговор со рускиот претседател Димитриј Медведев побарал руската армија што побрзо да се повлече од контролните пунктови во грузиските градови Поти и Сенаки. Претходно, руската армија соопшти дека планира да го задржи под контрола градот Поти и покрај тоа што тој не е дел од ,,безбедносната зона“, која се протега долж грузиските сепаратистички региони Абхазија и Јужна Осетија, каде Москва разместува свои мировници по конфликтот.
XS
SM
MD
LG