Достапни линкови

logo-print

Банкарските услови во земјава не дозволуваат учество на тендерот, се жалат градежниците


Со ригорозните услови на тендерот за концесија на неколку автопати низ земјава, домашните градежни фирми ја оправдуваат незаинтересираноста за учество на конкурсот за концесионер. Покрај тоа упатените посочуваат дека една од причините се и неповолните политики на домашните банки.

,,Ако вие ги прочитате тендерските услови, ќе видите колкави цифри и реализации се потребни да бидат претхоно реализирани за да може да бидат земени во предвид. Голема улога игра политиката на банките, ние тука во Македонија не можеме да најдеме средства,"

изјави Силјан Мицевски, сопственик на градежното претпријатие Пелистер
Ниту една поголема домашна градежна фирма не е во состојба да инвестира во озградба на патот и да чека неколку години да и се врати инвестицијата, се согласува и првиот човек на градежнотот претпријатие Бетон, Трајче Трпески.

,,Сеуште нашите претпријатија не се спремни да вложуваат во концесија, треба да се вложи многу."

За една фирма да се пријави како потенцијален кандидат за концесионер на некој од патиштата, потребно е да се процени колкав ќе биде профитот што ќе се остварува. Тоа вели проф. Орхан Авидовиќ од Градежниот факултет зависи од обемот на сообраќај што би требало да им овозможи поврат на вложените средства.

,,Тие треба со понудата да му гарантираат, или да истражи концесионерот дека на одреден патен правец ќе има таков сообраќај, односно ако нема, кој ќе му ги надомести трошоците за нереализирана добивка."

Според Авидовиќ оваа фаза од тендерот е само прелиминарен интерес за учество на фирмите во проектот. Тоа не мора да значи дека истите ќе го реализираат понудениот проект.

,,Тешко е да се каже дека странски инвеститор ќе дојде без да има сигурност за профит."

Инаку според јавниот повик на министерството за транспорт и врски, под концесија се нудат седум делници со вкупна должина од 550 километри. Рокот на концесионирање ќе биде утврден во втората фаза од проектот. За времетраењето на концесијата, концесионерот треба да се грижи за одржување на делницата.
XS
SM
MD
LG