Достапни линкови

logo-print

Багдад: Нема фиксни датуми за повлекување на американските војници од Ирак


Не се договорени фиксни дати за повлекување на американските сили од Ирак во нацрт договорот околу кој преговараат Вашингтон и Багдад. Како што пренесуваат медиумите според ирачкиот владин портпарол Али Ал Дабаг повлекувањето е пожелно да се случи до крајот на 2011 година. При преговорите за чие забрзување помогна и државниот секретар на САД Кондолиза Рајс со својата ненајавена посета на Багдад, Ирачаните предложиле американските војници да прекинат со патроли во населените места до средина на идната година, да ги повлечат борбените единици до крајот на 2011, а целосно да се повлечат од Ирак три години подоцна.
XS
SM
MD
LG