Достапни линкови

logo-print

Москва: Русија понуди нацрт резолуција во ОН за смирување на конфликтот во Грузија


Русија понуди своја нацрт резолуција во Советот за Безбедност на Обединетите Нации за смирување на конфликтот во Грузија, во која е содржан планот од 6 точки, предложен од францускиот претседател Никола Саркози. Претходно, рускиот амбасадор Виталиј Чуркин ја блокира резолуцијата предложена од западните земји во која се бараше итно повлекување на руските трупи од Грузија. Во меѓувреме, Белата Куќа соопшти дека има знаци дека Русија ги повлекува своите сили од Грузија, но Вашингтон смета дека тоа мора да се одвива побрзо.
XS
SM
MD
LG