Достапни линкови

40 години од советската интервенција на Советскиот Сојуз во Чехословачка


Во Чешка и во Словачка денеска се одбележува четириесет годишнината од советската интервенција со што беа урнати обидите на тогашна Чехословачка за либерализација на комунистичката власт. Поминаа уште дваесет години пред и навистина во Чехословачка да дојде Прашката пролет.

На дваесетти август илјада деветстотини шеесет и осмата година, советски тенкови и војници од други земји членки на Варшавскиот договор влегоа во Чехословачка.

„Вчера на дваесети август илјада деветстотини шеесет и осма, околу дваесет и три часот, војските на Советскиот сојуз, на Полска, на Унгарија , на Демократска република Германија и на Бугарија ги минаа границите на Чехословачка. Тоа се случи без знаење на чехословачкиот претседател, премиерот и генералниот секретар на Комунистичката партија на Чехословачка.“

Беше објавено на чехословачкото радио при што беше пренесена и оценката на партиското раководство дека интервенцијата е во спротивност со принципите на соработката меѓу социјалистичките земји и негирање на основните норми на меѓународното право. Веднаш потоа радиото беше затворено, но нејзините новинари порачаа дека нема да ја прекинат програмата. Инаку, советските војници во Прага не се соочија со организиран оружен отпор, ниту со бунтовнички герилски напади. Тие пред се, се соочија со голем јавен бунт во Прага и со секоја барикада, со секој испукан куршум, со секоја жртва, а ги имаше над сто загинати, растеше и понижувањето на Московската политика. Волјата на чехословачките граѓани ја видоа сите.

„Уште еднаш на Вацлавскиот плоштад, во петнаесет до пладне беа испукани куршуми. Уште еднаш луѓето бегаа од тенковите кои доаѓаа од околните улици. Луѓето се уплашени.“

Објавено беше на дваесет и први август шеесет и осмата на брановите на Радио Слободна Европа. По интервенцијата, чехословачките лидери беа однесени во Москва, каде што потпишаа документи со кои се легализира советската окупација и се поништуваат реформите познати како Прашка пролет. Требаше да поминат уште две децении пред да падне комунизмот во Чехословачка во таканаречената Кадифена револуција во илјада деветстотини осумдесет и деветата година.
XS
SM
MD
LG