Достапни линкови

Не треба да очекуваме други да ни ја завршат работата, оценува аналитичарот Мерсел Биљали


Државниот врв и денеска не откри со каква усогласена позиција настапува на разговороите со медијаторот во спорот со името со Грција Метју Нимиц . Упатуваат на соопштението испратено по завчерашната координација на премиерот претседателот и другите инволвирани во преговорите. Инфомацијата за јавноста пак беше дека ја усогласиле позицијата за идеите на Нимц кои му биле презентирани на макеоднкиот преговарачки тим на средбата во Њујорк на 13 Август. Од наши извори пак дознаваме дека Нимиц предложил повеке варијанти на предлозите Северна Македонија и Горна Македонија. Она што неофицијално се дознава е дека државен врв откако на координацијата им биле презентирани варијацаиите на предлозите постигнал согласност за прифаќање на име само за меѓународна употреба доколку и Грција прифати такво решение. Нимиц од Скопје заминува во Солун на разговор со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис. Со премиерот Карамнлис и министерката за надворешни работи Бакојани не е предвидено да се сртене. Северна Македонија и Горна Македонија се добри решенија доколку пакетот кој доаѓа со нивните варијанти не задира во употребата на терминот македонски анализраше неделава унивезритетскиот професор Љубомир Фрчковски откако се појавија шпекулации дека тие се идеитте кои се ставени на маса.

„За да се обезбеди слободата на употребата на поимот македонски, што значи дека ние ќе можеме да бидеме Македонци од северна Македонија, а не северно Македонци, тоа е клучот на поволноста на решението.“

Во меѓувреме пак дел од домашните медиуми обајвија дека високи дипломастки извори прачуваат Македонија да се обиде да го искористи краткиот период од претседавањето на Буш за да го затвори прашањето за името бидејки влезот во НАТО е еден од приритетите на администрацијата на актуелниот американски претседател. Според тие извори тоа не мора да биде така и на агендата на следниот кој ке дојде во Белата Куќа без разлика дали тоа ке биде републиканецот Мек Кејн или демократот Обама. И аналитилачарот Мерсел Биљаљи смета дека развојот на настаните може да оди во таа насока

„Јас мислам дека треба овој последен тајминг да се користи максимално. Јас мислам дека претседателот во заминување е заинтересиран Македонија да биде дел од НАТО.“

Дали пак нашиот државен врв го користи периодов. Биљаљи вели грешниме кога мислиме дека целата работа треба да ни ја завшат Американците

„Мислам дека напротив, ние очекуваме други да ја завршат работата. Нашето раководство не е на ниво на задачата што треба да ја заврши.“
XS
SM
MD
LG