Достапни линкови

40 години од руската окупација на Чешка


Пред 40 години, советските тенкови влегоа во Чехословачка, ставајќи крај на надежта дека социјализмот со хумано лице може да функционира во советскиот блок. Прашката пролет ,,умре” во август 1968-та и беше заменета со две децении зима.

Сликата на влегувањето на руските тенкови во Грузија, во Прага будат неизбежно ехо. Многумина коментатори и политичари низ светот повлекоа паралели со 1968-та година и она што се случуваше во Чехословачка. Чешкиот радио новинар Јан Беднар вели:

,,Голема разлика, што не смее да се занемари е дека Соединетите држави и Европската Унија интервенираат во тензиите меѓу Грузија и Русија. Во 1968-та, тоа не беше случај со Чехословачка. Вашингтон и сите западни земји ја прифатија ситуацијата што настана. И ја прифатија идејата дека Чехословачка припаѓа во Советската сфера на интерес.”

Утрото на 21 август 1968, немаше телевизија да ја пренесе веста за советската инвазија. Си Ен Ен не постоеше. Во месеците пред инвазијата, режимот на Комунистичката Партија на Чехословачка предводен од Александар Дубчек се обидуваше да спроведе реформа за да се елиминираат најрепресивните мерки и да се создаде социјализам со хумано лице. Тоа беше познато како Прашка пролет и набрзо доби популарност. Летото во 1968 година расцвета отворената дискусија низ весниците, магазините и списанијата за литература. До Август, истече трпението на Москва. Откако влегоа во Прага, советските трупи брзо го најдоа патот до чешкото радио и ги заземаа студијата. Но, она што не го знаеја е дека многумина од вработените зедоа опрема со себе во приватни станови и продолжија со емитување од импровизирани студија. Павел Пехачек, поранешен продуцент во чешкото радио се сеќава:

,,Со денови луѓе од чехословачкото радио емитуваа програма. Добиваа вести од цела Прага. Луѓето ги уништија натписите со имињата на улиците на ѕидовите на Прага, па на Советите им беше тешко да утврдат каде точно се наоѓаат. Ваквиот начин на емитување траеше неколку дена.”

Јан Беднар вели дека многу луѓе во денешна Чешка и Словачка имаат лузна од настаните што се случија пред 40 години, но дека како одминува времето таа се лекува.

,,За многумина во Чешка овој ден останува голема траума. Тоа е голем проблем со кој луѓето мораат да живеат. Но, за многумина млади луѓе настаните од 1968та се само лекција од историјата што може да ја научат. За нив, прашањето не е исто, има генерациска разлика.”

изјавува Беднар.
XS
SM
MD
LG