Достапни линкови

Скопје: Втор уписен рок во средните училишта во кои има слободни места


Средните училишта во кои се уште има слободни места за прием на ученици во прва година, денеска ќе запишуваат кандидати во вториот уписен рок. Во овие училишта слободни се нешто повеќе од 12.000 места, а според податоците на Министерството за образование и наука, од 27.200 ученици кои оваа година завршиле осмо одделение, по двете пријавувања во првиот уписен рок, незапишани останале околу 5.700 ученици. Тие се обврзани да го продолжат образованието, зашто од 1 септември средното станува задолжително. Резултатите од денешниот уписен рок ќе бидат објавени утре.
XS
SM
MD
LG