Достапни линкови

Русија ја отфрли декларацијата на Алијансата како ,,необјективна и пристрасна“


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека заклучоците од денешниот итен состанок на НАТО за конфликтот во Грузија се ,,необјективни и пристрасни“ и додаде дека Русија нема намера да присвои грузиска територија:

,,Декларацијата на НАТО е ,,необјективна и пристрасна“бидејќи во нема нема ниту еден збор за тоа како започна се, како се случи, кој ја започна агресијата, кој ја вооружуваше Грузија, и кој ги блокираше нашите предлози до Грузија да го потпише договорот со Јужна Осетија и Абхазија за ,,не употреба на сила“

рече Лавров.
Имено, министрите за надворешни работи на НАТО на состанокот во Брисел заклучија дека неможат да ,,продолжат со вообичаената соработка“ со Русија во сегашни услови, односно се додека руските трупи не се повлечат од Грузија согласно постигнатиот договор со посредство на ЕУ. Во заедничкото соопштение на Алијансата се наведува и дека НАТО ,,сериозно ги разгледува“ импликациите од руските акции во Грузија и дека вистински контакт со Русија е невозможен доколку руските трупи не се повлечат целосно.
Членките на Алијансата исто така се договорија и да воспостават Комисија ,,НАТО-Грузија“ за зајакнување на односите со Тбилиси.
XS
SM
MD
LG