Достапни линкови

Венецуела: Венецуела ги презеде цементарниците сопственост на странски фирми


Венецуела ги презеде цементарниците кои беа во сопственост на странски фирми. Владини претставници, во придружба на војници ја презеле контролата врз фабиката на мексиканскиот гигант Цемекс откако не бил постигнат договор за нејзината национализација. Другите две фабрики, едната на француска, а другата на швајцарска фирма, претходно ги прифатија условите за национализација. Претседателот Хуго Чавез претходно ги стави под државна контрола приватните нафтени и телекомуникациски компании.
XS
SM
MD
LG