Достапни линкови

logo-print

Брисел: Состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО


Шефовите на дипломатии на 26 држави-членки на НАТО денес ќе се состанат на вонредно заседание во Брисел посветено на кризата меѓу Русија и Грузија.Средбата е закажана на барање на Вашингтон „за да ги консултира своите партнери за последиците од руските воени акции“, прецизира мисијата на САД при НАТО. Имено пред неколку дена командантот на руската војска во Грузија, генерал-мајор Вјечеслав Борисов соопшти дека руските сили почнале да се повлекуваат од Грузија,но од Официјален Тбилиси соопштија дека руските сили продолжиле да ги утврдуваат позициите во Грузија, недалеку од сепаратистичката област Јужна Осетија и покрај прекинот на огнот.
XS
SM
MD
LG