Достапни линкови

logo-print

Скопје: Координативна средба на државниот врв пред посетата на Нимиц


Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денес ќе одржат координативна средба пред претстојната посета на посредникот на ОН во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц на Македонија. Нимиц, како што најави прес-службата на Светската организација по минатонеделните консултации на медијаторот со претставници на Македонија и на Грција во Њујорк, неделава, покрај Скопје треба да ја посети и Атина.
XS
SM
MD
LG