Достапни линкови

Според аналитичарите однесувањето на кандидатите не изненадува


Првата голема надворешна криза, онаа во Грузија, на американците им даде шанса да ги видат различните стилови на реакција на двајцата главни кандидати за Претседател на Соединетите Држави на изборите во Ноември. Според аналитичарите нивното однесување не беше изненадувачко.

Рускиот влез во Грузија за републиканецот Џон МекКејн беше можност за искажување на тврдиот став кога станува збор за националната безбедност и надворешната политика. Кандидатот на Демократите Барак Обама пак покажа дека може да дејствува ладнокрвно соочувајки се лутото лице на руската мечка. МекКејн воен ветеран фаворизира силни изјави. Тој смета дека тоа што Нато не им даде Акционен план за членство на Украина и Грузија на самитот во Букурешт за русите веројатно значеше зелено светло за нападот врз Грузија. Тој наведе дека Русија ке ја плати цената доколку тој влезе во Белата Куќа во Јануари идната година.

„Рускиот претседател Медведев и Премиерот путин мора да разберат дека нивната акција ке има долгорочни негативни консенквенци по руските односи со Соединетите Држави и Европа.“

Русија, според републиканецот Џон МекКејн се обидува да им попречи на Грузија и Украина кои ги одбраа западните политички и економски вредности. Претседателскиот кандидат на Демократската партија Барак Обама изјави дека Меѓународната заедница мора да работи заедно упатувајки дека дипломатијата ке игра централна улога во неговиот процес на донесување одлуки.

„Ние бараме идна соработка со руската влада и пријателство со рускиот народ. Сакаме Русија да игра голема нација и со одговорност да дејствува како прогресивна сила во 21 век, а не со регресија на конфликти од минатото. Токму затоа Соединетите Држави и меѓународната заедница мора силно да зборуваат против оваа агресија и за обезбедување мир и стабилност.“

Барак Обама истовремено не се воздржа од критики кон Русија кога Владимир Путин како Претседател соопшти дека воспоставува директни врски со Абхазија и Јужна осетија. И двете изјави не беа изненадвување за западните политички коментатори.

И двајцата ја осудија руската акција како напад врз суверена Грузија. Повикаа на обнова на желбата за членство во НАТО за Грузија. И двајцата го повикаа Советот за Безбедност да се инволвира и да се испратат мировни сили. Дали реториката на МекКејн е многу силна или онаа на Обама многу мека – тоа е работа на загриженост на советниците на двајцата кандидати за нов американски Претседател за тоа како тоа допира до американските гласачи.
XS
SM
MD
LG