Достапни линкови

Тбилиси: Денеска се очекува повлекување на руските трупи од Грузија


Денеска се очекува да бидат повлечени руските трупи од територијата на Грузија. Оваа активност следи по потпишувањето на договорот за примирје меѓу двете земји, кој вчера го потврди и рускиот претседател Дмитриј Медведев. Во меѓувреме, Организацијата за европска безбедност и соработка денеска треба да соопшти дали ќе го зголеми бројот на набљудувачи во Грузија. Во свото телевизиско обраќање, грузискиот претседател Михаил Саакашвили побара руските трупи да се повлечат од територијата и гиу повика двете соседни земји да се воздржат од предизвикување идни конфликти.
XS
SM
MD
LG