Достапни линкови

Москва: Руското министерство за одбрана демантираше дека се повлекува од Јужна Осетија


Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руската војска не започнала со повлекување од грузиската сепаратистичка област Јужна Осетија. Министерството имено ја демантираше изјавата од командантот на руската војска генерал-мајор Вјачислав Борисов кој претходно за агенцијата Ројтерс изјави дека руските трупи почнале да се повлекуваат од Јужна Осетија, и дека колона руски војници се движи од градот Цхинвали кон Русија. Во меѓувреме и генералниот секретар на грузискиот Совет за безбедност Александар Ломаја изјави дека војската на Русија не се повлекла, туку само ги прераспоредува своите сили во градот. Договорот за прекин на огнот што го потпишаа Грузија и Русија, предвидува руските сили да се повлечат на позициите од пред конфликот, но Москва соопшти дека нема краен рок за повлекување од теренот и најави дека војниците ќе бидат повлечени кога ќе се бидат спроведени дополнителни мерки на безбедност во регионот. Инаку, денеска во рамки на напорите на западните земји за решавање на кризата, во посета на Тблиси ќе престојува германскиот канцелар Ангела Меркел.
XS
SM
MD
LG