Достапни линкови

logo-print

Исламабад: Владеачката коалиција поднесува импичмент за Первез Мушараф


Претставниците на владеачката коалција во Пакистан денеска треба да се сретнат за да ги утврдат финалните точки во процесот за импичмент за претседателот на земјата Первез Мушараф, пренесуваат агенциите. Владеачките партии му дадоа на Мушараф два дена на располагање за да ја напушти функцијата, или ќе се соочи со импичмент во Парламентот. Од кабинетот на Мушараф соопштија дека претседателот нема да отстапи од должноста.
XS
SM
MD
LG