Достапни линкови

Косово не може да служи како преседан и да се поврзува со Грузија


Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу оценува дека Косово не може да се споредува со ниту еден друг случај во светот, па со тоа ниту да се поврзува со она што се случува во Грузија. И косовските политички аналитичари сметаат дека неможат да се воспостават паралели меѓу Косово и Грузија.

Косово е посебен случај и не може да служи како преседан, вели претседателот Фатмир Сејдиу при што како аргумент го наведува решението за статусот што го даде меѓународниот посредник Марти Ахтисари.

„Косово претставува пример суи генерис во целина како од историски, така и од уставно правен и политички аспект. Апсолутно нема споредба со другите примери од кој и да било дел од светот.“

И политичките аналитичари се на ист став. Шкељзен Малиќи вели дека Русија веќе неколку години се обидува да го поврзе случајот со Косово со саморогласените грузиски републики Јужна Осетија и Абхазија, но оти последните насатни покажале дека не станувало збор за принципиелни прашања, туку за руските интереси:

„Сега во овој случај Русија покажува еден вид непринципиелност, бидејќи во случајот на Косово го поддржува интегритетот на Србија, а во случајот со Грузија не. Тоа јасно покажува дека Русија не ги штити српските, туку своите интереси.“

Малиќи не гледа никакви паралели и во врска со сверот на Косово иако Белград индиректно го контролира поради мнозинското српско население таму. Тој сепак признава дека постои скриена намера тој дел на Косово да се отцепи и и да влезе во Србија.

„Секако дека има такви кои се обидуваат да поврзат нешто што не можно да се поврзе од политички и од логичен аспект, бидејќи реалностите на Косово и во Грузија не се исти.“

Вели политичкиот аналитичар Белул Бегај, кој единствената поврзаност ја гледа во можноста од слична интервенција на Србија врз Косово кога КФОР не би бил таму. Но, според него таквата експанзионистичка политика не е прифатлива за меѓународниот правен поредок.

„Таквата логика е погрешна, нереална и многу опасна и неодржлива. Колку што знам седумдесет насто од државите во светот не се еднонационални. Тоа треба да се почитува и не треба да се нарушува со примена на сила. “
XS
SM
MD
LG