Достапни линкови

Ќе се продлабочи ли политичката криза во Македонија?


Претседателот Црвенковски и собранискиот спикер Вељановски вчера се договорија петте спорни закони да се гласаат и по трет пат со што се се надмина кризата предизвикана од последните несогласувања околу уатсвните надлежности. Но само еден час пред почетокот на нивната средба Црвенковски на прес конфереција најави политичка битка со Груевски порачувајки му дека ке се видат на парламентарните избори.
Влегува ли Македонија во поголема политичка криза или пак институционално според договорот работите почнуваат да се смируваат. Тахир Хани од владечаката ДУИ смета дека политичката борба меѓу Грусвеки и Црвенсковски како што вели допрва ќе се разгорува

,,Не верувам во тоа дека состојбата меѓу Црвенковски и Груевски ќе се смирува. Без оглед на тоа што е договорено со претседателот на Собранието."

Со слично очекувања е Андреј Жерновски од опозицината ЛДП. Тој смета дека и договорот Вељановски Црвенсковски ке има краток рок на трањење

,,Всушност она што ќе се случи е кога втор пат ќе дојдат овие закони пред Собранието, ќе има амандмани, ќе има расправа, така што политичката војна сега ќе се префрли."

вели Жерносвки и додава дека домшаните политички случувања лошо ке влијаат врз наште евроатлански интегративни процеси

,,Уште во текот на минатата година, во извештајот на Советот на Европа беше наведено дека кохабитацијата е штетен за аспирациите на Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО."

Најголемата опасност од раговурањето на борбата мегу Црвенковски и Грувески е што тие не се само лидери на партии туку имаат високи државнички функции смета професорот на Штуловиот Универзитет Хасан Јашари

,,Од сега, иако ние имаме проблеми со името со Грција, имаме проблеми со ЕУ, тие ги изнесуваат своите политички, партиски интереси и отвораат една предизвборна кампања."

Споредувајки ги односите опозицијата власт кај нас со сотојбата во Украина Јашари очекува сето ова лошо да се одрази врз нашите евроатлански интеграции и целосната надворешна политика.
XS
SM
MD
LG