Достапни линкови

Тбилиси: Конвој од сто руски тенкови се движи кон централна Грузија, вели Саакашвили


Грузискиот претсдеател Михаил Сакашвили синоќа изјави дека конвој од 100 руски тенкови се движи од западна Грузија кон централниот дел на земјата. Истакнувајќи дека руските сили контролираат третина од територијата на Грузија, Сакашвили апелира за помош до меѓународните хуманитарни организации. Во меѓувреме Тбилиси побара од Меѓународниот суд на правдата веднаш да и нареди на Русија да го запре нарушувањето на човековите права на етничките Грузијци, со нејзините интервенции во Јужна Осетија и во Абхазија.
XS
SM
MD
LG