Достапни линкови

Скопје: Петте спорни закони на повторно гласање во парламентот


Претседателот на Собранието Трајко Вељановски ќе ги стави петте спорни закони на гласање и по трет пат. Ова е исходот од неговите петчасовни разговори со претседателот на државата Бранко Црвенковски. На средбата тие констатирале дека настанатиот спор се појавува поради правните празнини и недоречености и досегашните неистоветни постапувања на Парламентот и на претседателите на државата. Било договорено претседателот Црвенковски да ги потпише законите веднаш по нивното трето прегласување.
XS
SM
MD
LG